Со што ли ги хранат - највисокото семејство на светот
Гинисовата книга на рекорди наскоро би можела да содржи нови имиња во поглавјето на тема висина. Индиското семејство Кулкарни претендира за титулата највисоко семејство на светот. Кулкарни Шарад, главата на семејството, е висок 218cm, неговата сопруга Санџот 189cm, а ќерките Мруга и Сања 185 и 193cm. Кога ќе се собере висината на сите четворица се доаѓа до висина од речиси 8 метри.
Сепак, за 25mm се пониски од брачниот пар Холквист кој го држи рекордот. Но, со помош на ќерките се надеваат дека наскоро ќе ја добијат оваа титула.
Мруга и Сања се барем за глава повисоки од своите другарки (најдесно на сликата).
Санџот вели: “Драго ми е што барем најдов маж повисок од мене. Во Индија мажот го губи авторитетот ако е понизок од жената. Никогаш не би сакала заради ова да биде исмеван“.