Обликот на рацете го открива вашиот карактер
Обликот на рацете, прстите и линиите на дланките помагаат да се процени нашиот карактер. Се смета дека левата рака укажува на карактерот со кој што...
...сме родени, додека десната е индикатор на она што ќе го направиме со нашето генетско наследство.
Системот на квалификации се заснова на поделба на рацете на четири типови кои одговараат на елементите Оган, Воздух, Земја и Вода.
Огнена рака
Оваа рака претставува, долга и правоаголна дланка со слабо изразени линии и кратки прсти. Наречена е уште и „интуитивна рака“ или „импулсивна рака“. Сопствениците на оваа рака се многу темпераментни, брзоплети и делуваат без да размислуваат за последиците. Поседуваат немирен дух, авантуристичка и променлива природа. Без оглед на полот, оваа рака важи за маженствена затоа што поседува одлуки кои се врзани за машкоста како што е брзото донесување одлуки и способноста за опстанок.
Земјена рака
Оваа рака е кратка и коцкаста и по својот облик потсетува на лопата. Нејзините линии на дланката се длабоко врежани иако во поголем број случаи ги има многу малку. Сопствениците на „практичната рака“, поседуваат карактеристики традиционално поврзани со машкост, како што се отвореност, храброст и желба за доминација. Овие личности на прв поглед делуваат многу смирено и флегматично, додека во суштина се како вулкан кој може да експлодира во секој момент.
Воздушна рака
Оваа рака поседува снажна градба со четвртаста дланка на која линиите се длабоко врежани. Се одликува и со долги прсти за кои често се вели дека се уметнички. Личностите со ваква рака имаат одлични организаторски и комуникациски способности, може да се занимаваат со наука, филозофија и политика. Остроумни се, многу прецизни, а во своите одлуки се водат исклучиво од разумот, никогаш од срцето.
Водена рака
Оваа рака е тенка и долга, прстите се издолжени, а на дланката се наоѓа мрежа од многу криви и фини линии. Личностите со ваква рака имаат одлики за кои традиционално се верува дека се женски. Најизразени се интуицијата и променливоста. По природа се многу тивки и повлечени и секогаш се занимаваат барем со една уметност. Многу се емотивни и покажуваат многу внимание на пријателите и сите оние кои ги сакаат.