Колумна: Штиците што шкрипат

sticite-sto-skripat-povekjeДоколку некој ме праша што би избрал помеѓу театар и филм, како од пушка малихерка одма ќе му одговорам, театар. Не дека не сакам филм...


...напротив баш го сакам филмот како уметност, ама театарот ми е некако помил, подраг и пред сè пожив.

Сè се случува пред тебе, ја гледаш магијата на самата изведба, играта на глумците, трчаш со очите лево-десно, сакаш да го фатиш целиот кадар, не сакаш ништо да пропуштиш, оти нема „стоп, дај од ново, ова не беше добро“. Се треба да биде така уиграно да е беспрекорно и без грешка.

Театарот е приказна раскажана во еден здив. Голем здив, без прекин.

Сакам многу работи во врска со театарот:

1. „Сакам“ кога претставата нема да почне на време.

Претставите обично почнуваат во 20 часот, но тие скоро никогаш и не почнуваат во 20 часот. До сега ми се случило само една претстава да почне на време. Делумно кривицата е кај посетителите, при бидејќи типично македонски е да се касни за се', а не пак за една претстава.

Ако имаш купено карта нема да те вратат. Нека почекаат малце да се доспремиш, дотераш, може некој ќе те види во театар, а не смееш да си дозволиш да те видат не „пицнат“. Како така, ма дај ти се молам. Плус ако влезеш последен/на ќе бидеш виден/а од сите. Ќе знаат дека си бил/а на културен настан и аналогно на тоа и ти си културна индивидуа. А, доколку влезеш меѓу првите или не дај Боже во гужвата, никој нема да те види и после оди докажи дека си бил/а во театар. Ќе треба да се сликаш во холот, салата или евентуално со глумците, па ќе треба да ги ставиш сликите на Фејсбук, а тоа е макотрпна работа. Плус иде лето и си оставаш простор за папката „Лето 2012“.

2. „Сакам“ кога луѓето не си седнуваат на своите места.

На билетот пишува „ред“ и „место“. Тоа типичниот Македонец изгледа го чита како „кај сакам ќе си седнам“.

Што има да седнуваш кај што ќе ти кажат? Кои се бе тие на тебе да ти кажат кај да седнеш!? А!? Ти си газда, фраер, мангуп, ако си девојка цуца, фуфа, буржоазијка и ти сам/а одлучуваш кај ќе седнеш во театарот. Првин треба да ги испробаш сите столчиња, да измеркаш дали добро ти се гледа, дали го имаш целиот кадар пред очи, дали некоја сенка ти пречи и тек тогаш откако ќе го најдеш најидеалното место може да седнеш. Ич да не ти е гајле за другите, ти си битен/на, оти ти си од големото ДОБРО УТРО.

Ова е особено добро ако касниш на претставата, па ќе треба да стануваш народ, па ајде „седите на нашите места“, па „е други седат на нашите“, па ајде „станете ги вие тие, па ние ќе се преместиме“, па држ-недај до утре сабајле. И на крај ќе седнеш на стол покрај парното, оти некој паметњакович од друго ДОБРО УТРО си седнал кај му прднало.

Божем театарот е автобус на ЈСП, па ти кинат карта и седнеш каде ќе најдеш место. „Свашта“.

3. „Сакам“ кога луѓето не ги гасат мобилните телефони.

И покрај големата бројка на невработени лица во државата, сепак изгледа има голем број на бизнисмени… или барем така тие се однесуваат… или така сакаат да ги сметаат.

Пред секој почеток на претставата има известување на разглас „Ве молиме исклучете ги мобилните телефони“. Истото ова го кажуваат и на англиски јазик, ама некои и понатаму се прават „Енглези“, па така да известувањето многу-многу не ги тангира. И токму на тие им се случува на сред претстава да им заѕвони телефонот и скоро никогаш не го гасат, па прават муабет со шепотлив глас божем така нема никој да ги примети, „Еј на претстава сум, не бе нема гајле кажи“. Ама добро ги сфаќам ваквите луѓе, имаат шлепери на граница, па бизнисот не смее да застане заради еден културен настан, тамам работа, а и плус не можат да спуштат кога им ѕвони некој, оти после немаат кредит да му заѕвонат… Парите им се вложени во шлеперите.

4. „Сакам“ кога луѓето им дофрлаат на актерите.

Сите сакаат да бидат актери. Нема човек во Македонија што не го сака тоа. Сум видел, сум приметил. Почнува претставата, актерите играат, се откорнуваат на бина и некој ќе дофрли нешто за да се направи паметен. И тоа не го кажува за да го слушнат само тие околу него, неее не може така, треба сите во салата да слушнат што има дотичниот/дотичната да каже, оти ти се главните актери, за нив плативме карти, за нив дојдовме да видиме што имаат да кажат. Нас не не интересира претставата, не интересира паметот на дотичниот/дотичната.

Секоја чест на актерите кои ќе успеат и покрај дофрлањата да останат сконцентрирани и да го понесат товарот на претставата, оти не е лесно со овој чурук народ да излезеш на крај.

Ја имав таа среќа да бидам дел од аматерски театар, кога велам аматерски мислам на театар без матична куќа и во кој повеќето не се дипломирани актери, и одблиску да осетам што се е потребно да се спреми една претстава. Не е воопшто лесно. Месец, а понекогаш и два се потребни за да се доведе една претстава до совршенство и потоа кога ќе ја претставиш пред народот да бидеш пречекан како турбо-фолк пејач кој настапува во кафана, наместо како актер во театар, не е воопшто доблесно.

Актерите се исто што и другите луѓе, си ја вршат својата работа најдобро што знаат и како што не сакаме некој што не ја знае нашата работа да дојде и да ни дрнда над глава како треба да работиме, така и ние треба да ги оставиме да си ја работат работата.

Горан Ман

Авторот често оди во театар, а би требало и ти. ;)

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Доза носталгија: Работи што ги правевме во детството, кога немавме интернет Решававме квизови во списанија и чекавме да ни го развијат филмот во фото-студио...
Што претставува системот за исчезнати лица „Амбер алерт“ + грозоморната приказна заради која е созда... „Амбер алерт“ е систем за брзо известување на јавноста за исчезнувањето на некое...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg