10 работи кои треба да престанете да ги правите
Постојат неколку правила кои секогаш треба да ги имате на ум и да не ги повторувате. Факт е дека светот не се врти само околу вас, па затоа потрудете се...
...да сте помалку себични, повеќе љубезни, доволно трпеливи и од помош за пријателите.
1. Престани да се инаетиш. Инаетот е блокада на среќата.
2. Престани да се жалиш. Наместо тоа, искористи го ова време и енергија да направиш нешто по ова прашање.
3. Престани да го мислиш она што не сакаш да го кажеш. Комуницирај со другите редовно и ефективно.
4. Ти не си центар на светот. Земјата се врти околу својата оска, не околу тебе. Размисли за момент дали си ја сфатил длабочината на оваа вистина.
5. Престани да лажеш. Долгорочно гледано, вистината секогаш излегува на виделина. Или си дораснат на своите дела или твоите дела конечно те поседуваат.
6. Престани да ги обвинуваш другите. Не постигнуваш ништо. Или ти владееш со своите проблеми, или твоите проблеми владеат со тебе. Тоа ќе биде секогаш само твој избор. Но, ако ги обвинуваш другите за она низ што ти поминуваш, се одрекуваш од својата одговорност, од сопствените моќи над тој дел од животот, а и ги иритираш другите во овој процес.
7. Престани да се сомневаш. Ако мислиш дека нешто не можеш да постигнеш, еве добри вести за тебе...И, не можеш! Но, барем не дозволувај твојот сомнеш да влијае на соништата на другите луѓе. И запомни, оној кој вели дека нешто не може да се направи, не смее да им пречи на оние кои се обидуваат да го направат истото.
8. Престани да ги корегираш другите. Исправување на туѓите грешки кога се тотално погрешни е една работа, но постојано упаѓање со свое мислење во нивниот говор, во најмала рака е непримерно и безобразно.
9. Немој да бидеш себичен. Секогаш ќе добиеш назад во онаа мера во која претходно си дал од себе. Ни помалку, ни повеќе.
10. Престани да ги осудуваш другите. Сите ние водиме наши сопствени војни. Немаш појма низ што се поминуваат другите, исто како што и они немаат појма низ што поминуваш ти.