Какво чоколадо да одберете?
Научниците советуваат дека е здраво и убаво да се јаде чоколадо во умерени количини, секако без да се прејадувате. Бенефициите зависат од видот на...
...чоколадото, а ова се карактеристиките кои треба да ги имате на ум кога консумирате од ова слатко задоволство.
Млечно чоколадо
Во себе содржи значително мала количина флавонол (состојката која го намалува крвниот притисок, ги шири крвните садови и ја зголемува менталната аритметика), заради што е полош избор од темното чоколадо. Најдобро нутриционо влијание имаат млечните чоколади со среден удел на како (околу 40%), по можност полнети со ореви, лешници или бадеми или сушено овошје.
Бело чоколадо
Името „бело чоколадо“ е само маркетиншки трик и најлош избор затоа што во себе не содржи ниту грам како. Нутритивната вредност е толку лоша што во најдобар случај може да се надевате на мала количина калциум. Избегнувајте го.
Темно чоколадо
Горките чоколади со висок удел на како се стандардно здрави чоколади кои своето место можат да го пронајдат и кај најрадикалните режими на идхрнаа. И покрај тоа што постојат чоколади со удел од како од 99%, највкусни се оние до 70% до 80%. При купување темно чоколадо, добро внимавајте на производот да пишува дека се состои од каков путер, а не од пченкарен сируп кој е вистински убиец на вашата линија.