Како влијае Месечината на луѓето?
Полната месечина ретко кого остава рамнодушен. Покрај Сонцето, Месечината има најсилно внимание на живото на Земјата. Познато е дека човековото...
...тело содржи 80% вода, а Месечината како астролошки симбол (но во физичка смисла) владее со течностите на Земјата.
Зошто човековиот организам би бил исклучок?
Месечината и ноќта отсекогаш ги фасцинирале луѓето со својата трансформација, која се одвива во циклуси од неполн месец дена (месецот прави круг околу Земјата за 27,3 дена).
Во тој процес најважни се две фази: фазата на млада Месечина и фазата на полна Месечина.
Неговото влијание се манифестира на луѓето така што делува на нивната потсвест, чувства, сонот, интуицијата, а позната е и како двигател на ноќните активности.
Кога на небото, Месечината е во полн сјај, тогаш најмногу влијае на психичката состојба на жената која во тој период чувствува зголемена емотивност, меланхоличност, ранливост и подготвеност да избувне за најмала ситница. Често пати тогаш се плачливи и агресивни.
Мажите исто така не се имуни на влијанието на Месечината. На нив делува младата Месечина, која е одговорна за нивното емотивно однесување. Тие тогаш се чувствителни и вознемирени, можени се срцеви проблеми, главоболки, несоница, а ретко и психички кризи.
Во тој период треба да се избегнува донесување на важни одлуки, како што е брак, одење на пат или преселба.