Најлуксузниот десерт - златен сладолед
Со доаѓањето на топлите летни денови, често ќе посакаме да се разладиме со сладолед. Но, сладоледот кој го нуди еден ресторан во Њујорк, не само што...
...е вкусен и ладен, туку е и позлатен.
Ресторанот „Серендипити 3“ може да се пофали со тоа што угостил многу познати личности како Мерлин Монро и Џеки Кенеди кои биле нивни редовни гости.
Но, вистинска ѕвезда на овој ресторан е "Opulence Sundae", ледено слатко задоволство прекриено со листови од 23 каратно злато кои се јадат. Оние кои сакаат да го пробаат овој златен десерт мора да го нарачаат два дена однапред, и, секако, да одвојат 1.000 долари.
Како што пренесува CNN, околу 50 личности годишно го нарачуваат овој десерт кој се состои од сладолед со вкус на ванила од Тахити, прелив од најскапа тосканска чоколада и кандирано овошје, сето ова сервирано во кристален сад и со златна лажичка.