Маргарита за 5 мај
5 мај (Cinco de Mayo) е голем мексикански празник што се празнува и на територијата на САД каде од сеќавање на мексиканската победа над францускиот...
...окупатор во 1862 година, прераснува во голема фешта во чест на целата мексиканска култура со особена гордост и задоволство што доселениците ја пренесуваат и продолжуваат традицијата во Америка.
Иако сме далеку и од САД и од Мексико, не гледаме причина да игнорираме некој повод за веселба.
Затоа оваа сабота наздравете со еден од најпопуларните коктели во светот, мексиканската маргарита.
За 1 чаша маргарита потребни се:
- 45 ml текила
- 15 ml трипл сек
- 30 ml сок од лимета (зелен лимон)
Количината секако ќе си ја одредите сами, но обидете се да го следите соодносот 3:1:2.
Работ на чашата се натопува со сок од зелен лимон и се порабува со сол.
Наведените состојки добро се мешаат со мраз и се служи украсено со парченце лимета.