Најпознатите коктели

najpoznatite-kokteli-povekjeКоктелите отсекогаш се сметале за омилен пијалок, посебно меѓу ѕвездите. Како што се ближи летната сезона се отвара и коктел сезоната. Ви...

 

najpoznatite-kokteli

...претставуваме дел од најпопуларните коктели во светот. Пробајте да ги подготвите, но конзумирајте совесно.

Cosmopolitan
Познат уште како Cosmo, испопуларизиран најмногу поради “Сексот и градот“. Главната состојка на Cosmo е водка. Ако сакате да го подготвите покрај водка потребно ви е и џус од боровинка, ликер Тriple Sec и исцеден сок од лимон. Откако ќе ги измешате состојките сервирајте го во мартини чаша, без мраз и украсете го со парчиња зелен лимон.

Margarita
Вкусната Маргарита е најпознатиот коктел базиран на текила. За да го подготвите покрај текила потребен ви е и ликер Triple Sec (секогаш имајте го при рака во фрижидерот посебно ако сте љубител на коктели), и свежи лимони. Уживајте во Маргаритата во голема чаша за коктел, со сол на краевите и обавезно коцки мраз.

Mojito
Тропски коктел популарен посебно во егзотичните дестинации. Комбинација од Кубански или Филипински рум со кафен шеќер, сода и свежо исцеден зелен лимон, зачинет со ливчиња нане. Сервирајте го во висока чаша со ситен мраз и уживајте!

Pear Martini
Омилен помеѓу девојките. Најдете водка со арома на крушка (најдобро Абсолут), свежо исцеден грејпфрут и сок од лимон. Измешајте ги состојките и ставете ги во коктел чаша украсена со тенки парчиња крушка.

Madera Eggnog
Ќе ви биде потребно малку повеќе време за подготовка, но потоа ќе уживате во вкусот. Потребно ви е јајце, шеќер, млеко и бренди. Првите три состојки се варат а потоа се додава брендите. Погоден е за постудените денови и навистина ќе ве загрее.

Би можело да ве интересира:

Браво! Култното дело „Бакнежот“ на Густав Климт доби и македонска верзија Ти благодариме што ни ја претставуваш земјата! Ким Синае од Кореја на одличен на...
Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...
13 неверојатни ситуации што се случуваат само еднаш во животот (фото) Постојат ситуации кои може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќ...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...
8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни зна...
Колку е човек посилен, толку е поскромен - Тие што се празни однатре создаваат врева Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg