Секси географија
Иако жешките љубовници најчесто ги врзуваме со жешките земји, истражувањата покажаа дека невиноста најрано се губи во северните држави како...
...Исланд, Данска, Шведска, Финска и Норвешка.
Но дали досадата условена од ладното време е доволна да ве „навежба“ во добар љубовник?
Веројатно не, затоа што сексуално најзадоволни држави се Нигерија, Мексико и Индија, иако сексот е најчест спорт во Грција и Бразил.
Проверете ги двете листи, па можеби токму вака ќе одлучите каде да одите на одмор :)
Инаку, по којзнае кој пат се прашуваме, зошто Македонија никогаш не е на највисоките места?
Во кои држави најчесто се води љубов? Еве ги првите 10 сметано по процентот на граѓани кои имаат секс најмалку еднаш неделно:
1. Грција 87%
2. Бразил 82%
3. Русија 80%
4. Кина 78%
5. Италија 76%
6. Полска 76%
7. Малезија 74%
8. Швајцарија 72%
9. Шпанија 72%
10. Мексико 71%
Но суштинското прашање не е колку често, туку колку добро. Сексуалното задоволство е измерено според зачестеноста на сексот и предиграта, доживувањето оргазам, немање сексуални дисфункции и отсуство на стрес.
Според овие параметри само 15% од жителите во Јапонија се сексуално задоволни. Па каде лежи најдобриот секс?
Ова се 10 сексуално најзадоволни држави во светот:
1. Нигерија 67%
2. Мексико 63%
3. Индија 61%
4. Полска 54%
5. Грција 51%
6. Холандија 50%
7. Јужна Африка 50%
8. Шпанија 49%
9. Канада 48%
10. САД 48%
Па, каде на одмор? ;)