Што мора да имате пред да наполните 30 години?
Постојат многубројни листи, толку популарни што може да се преточат во книги, за тоа што би требале да имате до триесеттата. Подолу ви пренесуваме листа...
...од 15 работи кои треба да ги имате пред да наполните 30 години.
До 30 би требало да имате:
1. Еден партнер со кој би можеле да се замислите заедно и еден што го сакате подалеку од себе.
2. Пристојно парче мебел кој претходно не го поседувал некој од вашето семејство.
3. Нешто совршено да облечете ако треба да набрзина да излезете.
4. Патна торба и чадор кои не ви е непријатно да ги носите во јавност.
5. Младоста која сакате да ја оставите зад себе.
6. Доволно сочно минато кое едвај чекате да го прераскажувате во староста.
7. Сознанието дека ќе бидете стари и да имате мала заштеда со која ќе се финансирате.
8. И-мејл адреса, гласовни пораки, банкарска сметка – до кои ќе имате само вие пристап.
9. Дневник без никакво дотерување.
10. Еден пријател кој секогаш ќе ве засмејува и еден кој ќе ви дозволи да плачете.
11. Комплет на штрафови, дупчалка и долна облека за секоја пригода.
12. Нешто апсурдно што сте го купиле за себе, само затоа што го заслужувате.
13. Уверение дека тоа сте го заслужиле.
14. Режим за негување на кожата, навика за вежбање и план за решавање на останатите аспекти на животот кои не се подобруваат по триесеттата.
15. Цврст почеток на задоволителна кариера, задоволителна врска и сите други аспекти од животот кои стануваат подобри.