Астро-моден водич во боја
Ако барем малку верувате во астрологијата и сметате дека сте типичен претставник на својот хороскопски знак, тогаш вреди да ја проверите моќта на боите.
Секој знак има свои бои, а пред вас се токму оние тонови што ќе ја истакнат вашата убавина, ќе играат во согласност со вашето расположение и ќе ја отсликаат вашата личност.
Овните се огнено црвени, Биковите пастелно нежни, Близнаците блескави како сончев зрак, Раковите романтични како месечев отсјај, Лавиците дрски во портокалово, а Девиците смирени во темно сино.
Овен
Жар црвената боја одговара на енергичната природа на Овните и сигурно ќе им помогне да го привлечат вниманието што го посакуваат и заслужуваат.
Славни претставнички: Кејт Хадсон, Ема Вотсон, Џенифер Гарнер.
Бик
Пастелните нијанси се во хармонија со спокојните естети, Биковите.
Славни претставнички: Ума Турман, Пенелоп Круз, Рене Зелвегер, Кејт Бланшет
Близнаци
Ведрите и енергични Близнаци заслужуваат ведри и живи бои како жолтата.
Славни претставнички: Ана Курникова, Кајли Миног, Хајди Клум и Анџелина Џоли
Рак
Од сите нијанси на сребро, и од чевли до накит, Раковите ќе најдат начин да вметнат нешто од бојата на својата владетелка Месечината во својата гардероба.
Славни претставнички: Дајан Кругер, Петра Немцова и Лив Тајлер
Лав
Лавиците секогаш се издвојуваат од толпата и лесно ќе ги привлечат туѓите погледи со моќната портокалова боја. За нив, црвената веќе е клише.
Славни претставнички: Џенифер Лопез, Сандра Булок
Девица
Темната морнарско сина боја е класика што може најразлично да се комбинира и да се носи во секоја прилика. Затоа и им одговара на практичните, спастрени Девици.
Славни претставнички: Салма Хаек, Камерон Дијаз, Клаудија Шифер
Продолжува...