Пресметајте колку човечки години има вашето куче/маче
Повеќето луѓе сметаат дека пресметувањето на годините на кучињата и мачињата во „Човечки години“ е едноставно: помножете ги нивните години...
...по седум. На пример, 4 годишно кутре или мачка всушност има 28 човечки години.
Но, еве како навистина се пресметува.
Кучиња
Стареењето кај кучињата е многу побрзо до нивната втора година, но се разликува од раса до раса. Големите раси, созреваат побрзо и живеат пократко. Кога имаат 5 години веќе се сметаат за сениори. Средните раси оваа фаза ја достигнуваат во 7та година, а малите раси не се сметаат за сениори се до нивната 10та година.
Многу ветеринари се согласуваат дека оваа формула е многу поверодостојна од множењето со 7:
Сметајте дека 1 годишно куче е еднакво на 12 годишно дете, а 2 годишно куче е еднакво на 24 годишен човек. По ова, додавајте 4 години за секоја година потоа. (на пример: 4 годишно куче има 32 човечки години).
Но, овој метод го зема предвид степенот на зрелост кај помладите кутриња како и забавениот процес на стареење во подоцните години. Марта Смит, директор на ветеринарниот институт во Бостон, смета дека оваа формула е поверодостојна. Ова е табелата според која се пресметуваат човечките години на кучињата:
Просечен живот кај кучињата е 12-13 години, но сепак, зависи од раса до раса. Помалите раси и женските кучиња живеат подолго.
Мачки
Ова е формула за пресметување на човечки години кај мачките. Едногодишна мачка е еднаква на 15 годишно дете, а 2 годишна мачка е еднаква на 24 годишен човек. Потоа додавате 4 години за секоја следна година (пример: 4 годишна мачка има 32 човечки години).
Ова е формулата за пресметување: