„Му бев лично обезбедување на папата, како дел од швајцарската гарда – тренирав 4 месеци, го штитев со мојот живот“
Покрај тоа што треба да имаат швајцарското државјанство, стражарите треба да се на возраст од 19 до 30 години, да не се во брак и да се римокатолици. Исто така, треба да се високи најмалку 174 сантиметри и да имаат завршено средно училиште, како и основна обука во швајцарската војска.
Доколку сте биле во Ватикан, сигурно сте ги забележале стражарите облечени во шарени униформи.
Овие стражари не се само како „украс“ во Ватикан, туку се дел од швајцарската гарда која е заслужена за обезбедувањето на папата.
Папската швајцарска гарда е основана во далечната 1506 година, додека униформите што ги носат денес се дизајнирани од поранешен командант на гардата – Џул Репонд – и се инспирирани од боите на моќното италијанско семејство Медичи.
Стражарите од папската гарда се заколнуваат да го штитат папата со своите животи, а притоа се овластени да ги спроведуваат законите во Ватикан.
Марио Енцлер бил дел од швајцарската гарда за време на владеењето на папата Јован Павле Втори, од 1989 до 1993 година, и споделува детали за целото искуство.
Иако бил роден во Милано, тој имал и швајцарско државјанство поради неговиот татко кој е Швајцарец.
Поради ова, ги исполнувал условите да стане дел од папската швајцарска гарда.
Покрај швајцарското државјанство, стражарите треба да се на возраст од 19 до 30 години, да не се во брак и да се римокатолици. Исто така, треба да се високи најмалку 174 сантиметри и да имаат завршено средно училиште, како и основна обука во швајцарската војска.
Марио Енцлер раскажува дека за разлика од кралската гарда во Англија, стражарите од швајцарската гарда се лични телохранители на папата и го следат насекаде.
Па, во петте години додека служел, Марио честопати го придружувал папата Јован Павле Втори каде и да одел.
Тој вели дека по завршувањето на средното училиште, сакал да стане музичар, но татко му го советувал да оди во војска.
„Во 17-тата недела од мојот воен тренинг, некој спомна дека имало слободни места во шведската гарда. На почетокот не сакав бидејќи не можев да се замислам да стојам мирно, да не се движам, да не зборувам.
Тогаш така си ги замислував стражарите од швајцарската гарда – силни мажи кои тивко набљудуваат. Тоа го гледав кога како дете го посетував Ватикан.
Но, колку повеќе размислував за идејата, можноста да живеам во Ватикан и да го видам папата, сè повеќе се интересирав. Па, прифатив. Кога завршив со воената обука во Швајцарија, отидов право во Рим“.
Марио ја опишува и првата средба со папата.
„Кога застанав пред папата, сфатив дека за млад маж, ова не е само можност да се заколни дека ќе го штити со својот живот, туку можност да разбере што значи католичката вера и како треба да се однесува еден католик.
Ова беше можност да ја зајакнам мојата вера“.
Марио раскажува и дека во петте години имало и низа бизарни случувања – во една пригода, му пришол маж кој тврдел дека е Исус Христос.
„Додека бев на смена да чувам стража, ми пријде маж и тивко ми рече дека тој бил Исус Христос.
Ми рече и да му пренесам на папата дека може да се врати во родната Поласка бидејќи веќе не му требал“.
Марио имал можност да запознае и славни личности, како актерот Шон Конери.
„Еднаш го видов Шон Конери и тој посака да се фотографира со мене. Ми беше чудно бидејќи тој беше возбуден што ме гледа мене, а јас бев само стражар“.
Иако работата им е напорна, стражарите од папската швајцарска гарда имале можност и да се релаксираат.
„Имаше ирски паб што го посетуваа гардисти уште од 1970-тите. Излегувањата таму беа забавни бидејќи секогаш имаше некој со гитара, кој пееше, и главно таму го минувавме слободното време“, раскажува Марио.
Сега, 30 години по завршувањето на неговата служба, Марио е во брак и со сопругата имаат пет деца.
Со семејство живее во Вашингтон, а вели дека до денес му служат лекциите што научил додека бил дел од папската гарда.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





