Танцувачка пауза од работа

tancuvacka-pauza-od-rabota-povekjeКој рече дека ноќта е најдоброто време за забава? Излегувате, пиете, играте и се прибирате дома во ниедно време за наутро да одите на работа...


...со ужасна главоболка...

Затоа во Шведска почнаа да излегуваат токму на пауза од работа.

tancuvacka-pauza-od-rabota-1

Наместо бдеење пред кафемат или трчање до пекара и назад, во Стокхолм на пладне започнува едночасовна забава. Првиот Lunch beat е одржан на паркинг во јуни 2010 година и тоа со само 14 луѓе. Малата група си поминала толку убаво што новото движење брзо прерасна во локален феномен проширувајќи се и во десетина други шведски града.

Забавата е премногу кратка, па нема време за срамежливо премислување. Доаѓате и играте! Секој може да организира ваков настан ако ги следи основните правила. Пред сѐ мора да играте, а ако не сакате да се вклучите воопшто и не се појавувајте таму. Организаторот треба да обезбеди музика и храна за никој да не се врати на работа прегладнет. Најчесто се служат сендвичи во вредност на наплатените влезници и не постои трка за голем профит, само заедничка желба за голема забава.

tancuvacka-pauza-od-rabota-2

Велат дека атмосферата на необичните танцувачки собиранки е фантастична, сите се спријателуваат и релаксирани го продолжуваат работниот ден, па по Шведска идејата се прифаќа насекаде во Европа. Се прашуваме дали ова би успеало и кај нас, особено што сите се трезни и правилата забрануваат сеирџии...

Би можело да ве интересира:

Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg