Како изгледаат 25 години подоцна актерите од Gilmore Girls, кои ги обожававме на почетокот на 2000-те години?
Актерката што ја глумеше Лорелај Гилмор денес има 58 години и понатаму снима серии, а Мајло Вантамиља (Џес Маријано) на почетокот на 2025 стана татко, само неколку дена откако изгоре неговата куќа во Лос Анџелес. Каде се денес актерите од Gilmore Girls?
Една од омилените серии на генерациите кои растеа во раните 2000-ти години е Gilmore Girls.
Приказната за Лорелај, менаџерка на хотел која станала мајка на 16 години, и нејзината ќерка тинејџерка, Рори, освен што беше забавна, нè учеше за животот, љубовта, болката, за односот мајка и ќерка...
И сето тоа дополнето со симпатичните ликови и актерите кои ги оживеаја.
Серијата се прикажуваше од 2000 до 2007, а потоа во 2016 Netflix сними 4 филма како продолжение на серијата.
И иако крајот на последниот филм најавуваше продолжување на приказната, актерите веќе никогаш не се собраа и не го продолжија снимањето на популарната серија.
Па, ако и вие бевте фан на Лорејал и Рори и нивниот живот (со сите убави и тажни моменти), сигурно ве интересира што прават и како изгледаат денес. И не само тие, туку и другите актери од серијата.
Погледнете во продолжение:
Лорин Греам, 58 - Лорелај Гилмор
И по завршувањето на серијата, Лорин продолжи да глуми, а нејзина најуспешна улога е во серијата Parenthood (од 2010 до 2015).
Долго време беше во врска со актерот Петар Краус, но парот се раздели во 2022.
Во моментов глуми во телевизиската комедија The Z-Suite.
Алексис Бледел, 43 - Рори Гилмор
Актерката го сними филмот The Sisterhood of the Traveling Pants, заедно со Блејк Лајвли, Америка Ферера и Амбер Тамблин.
Се појави и во популарната серија The Handmaid's Talе.
Актерката во 2022 се разведе од сопругот Винсент Картхајзер, со кого има едно дете.
Скот Петерсон, 68 - Лук Дејнс
По улогата на Лук - сопственикот на малиот ресторан во Старс Холоу, но и најголемата љубов на Лорелај, Петерсон се појави во три продолженија на хорор филмот Saw.
Од 2021 година има свој подкаст, I Am All In, а во моментов глуми во серијата Sullivan’s Crossing.
Во 2014 година се ожени со актерката Кристин Сарјан.
Мелиса Мекарти, 54 - Суки Сент Џејмс
Кариерата на Мекарти „експлодираше“ во 2007 и оттогаш доби две номинации за Оскар и 2 номинации за наградата Златен глобус.
Таа не остана до последната сезона на серијата, но и понатаму е еден од омилените ликови.
Во брак е со Бен Фалкон, со кого има две деца.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





