Како изгледаат 25 години подоцна актерите од Gilmore Girls, кои ги обожававме на почетокот на 2000-те години?
Кели Бишоп, 81 - Емили Гилмор
По завршувањето на серијата, актерката продолжи да снима серии и филмови, вклучувајќи ги и Army Wives, The Good Wife и The Marvelous Mrs. Maisel.
Во 2024 ги објави своите мемоари The Third Gilmore Girl: A Memoir.
Мајло Вентимиља, 47 - Џес Маријано
Откако си замина од серијата, имаше голем успех во кариерата, вклучувајќи ги телевизиските серии Heroes и This Is Us, за која доби 3 номинации за наградата Еми.
На почетокот на 2025 стана татко, и тоа само неколку дена откако неговиот дом изгоре во пожарот што ги зафати Лос Анџелес и околината.
Мет Зукри, 47 - Логан Хантцбергер
Актерот кој во серијата го глумеше Логан, една од најголемите љубови на Рори, има успешна кариера, вклучувајќи ги сериите The Resident, American Horror Story: Delicate и The Good Wife.
Тој не зборува многу за својот приватен живот и не се експонира во јавноста надвор од она што е поврзано со неговата работа.
Џаред Падалецки, 42- Дин Форестер
И Џаред забележа голем успех на професионален план. Тој сними две успешни серии - Supernatural и Walker, а во моментов глуми во серијата Fire Country.
Во брак е со Женавив Кортезе, со која има три деца.
Едвард Херман - Ричард Гилмор
Актерот кој го глумеше таткото на Лорелај, т.е дедото на Рори, почина на 31 декември 2014, на дочекот на Нова година.
Имаше 71 година и се бореше со тумор на мозокот.
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





