Плаќаш чевли - имаш гратис дечко
Компанијата за женски чевли Shoes shoes shoes од Куала Лумпур ги здружи силите со Lunch Actually, најголемата азиска фирма за посредување и...
...договарање љубовни состаноци. Нивната „Пепелашка од наше маало“ стратегија соединува парови со ист вкус за чевли.
Мажите пријавени во агенцијата за состаноци избираат женски чевли што најмногу им се допаѓаат и тие модели добиваат „Вклучен е и состанок“ назнака.
Кога девојките ќе купат такви чевли добиваат и можност да бидат споени со човекот кој го избрал истиот пар, со што им следува и попуст на цената.
За некои идејата е премногу бизарна, но за други е интересна можност да се запознае нов пријател и потенцијален партнер. Ако ништо друго, барем имаат необична тема на муабет за да го скршат мразот кога прв пат ќе се сретнат.
Што мислите вие?