10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови
Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека во 1-виот век се произведулал парфем со мирис на пачули... Како ја одржувале луѓето хигиената во минатото?
Иако многумина имаат впечаток дека во минатите векови луѓето не се грижеле многу за својата хигиена, нашите предци сепак воделе грижа за својата кожа, за косата и за забите.
Начинот на кој го правеле тоа, денес делува многу сомнително и неверојатно, дури и смешно, но од друга страна, ние и понатаму користиме некои од нивните трикови и предмети - само на малку поинаков начин или во сличен облик.
Како ја одржувале луѓето хигиената во минатото?
Депилацијата не била лесна
Античките Римјани биле екстремно „чувствителни“ на вишокот влакна.
За нив, неисчешланата коса и влакната на телото биле комплетно неприфатливи.
Затоа и мажите и жените ги отстранувале влакната, а еден од најпопуларните начини бил со чупалка.
Вообичаено, вишокот влакна го отстранувале во јавните бањи, каде што постоеле професионални „отстранувачи на влакна“.
Во Средниот век, жените сакале да се ослободат од влакната на телото, но општеството не го одобрувало тоа.
Ако некоја жена ги кубела влакната од надусниците или подбрадокот, морала да се исповеда дека направила грев.
Во 19-тиот век жените избирале радикални методи - за да се ослободат од влакната засекогаш, со игла ги дупчеле фоликулите на влакното со игла која била натопена во раствор од сребро нитрат или мешавина од карболна киселина и маслиново масло.
Се верувало дека со оваа процедура се умртвува коренот на влакното и дека тоа веќе не расте.
Фабрики за сапун постоеле и пред 1.000 години
Првиот сапун бил измислен пред 5.000 години, иако нема докази дека луѓето го користеле за хигиена.
Познато е дека со него ја переле волната пред да ја бојосаат.
И Римјаните произведувале сапун, но потта и валканиците на телото ги чистеле со метални или дрвени стругалки.
Првиот сапун кој потсетува на денешните, бил произведен во 7 век.
Во тоа време имало и фабрики каде што се произведувал - маслиново масло се мешало со пепелта од растение кое создавало сода (saltwort), смесата се варела една недела и се истурала во плитки садови.
Откако сапунот ќе се стврднел (околу 10 дена), се сечел на коцки и се оставал да се суши два месеца, пред да почне да се продава.
Пачули како парфем
Се верува дека Египќаните биле најискусни производители на парфеми во античкиот светот.
Благодарение на нив, ароматичните масла станале популарни во Античка Грција и во Римската Империја.
До неодамна не се знаело што точно користеле луѓето во минатото, но во древна гробница археолозите пронајдоа сад од кварц во кој била зачувана ароматична супстанца.
Научниците утврдиле дека станува збор за парфем, направен во 1 век и дека станува збор за пачули.
Во тоа време ова растение можело да се најде само во Индија, па се верува дека парфемот припаѓал на многу богато и благородничко семејство.
Чепкалки за заби кај Неандерталците
Се верува дека чепкалките за заби се едни од најстарите предмети за хигиена, бидејќи ситни парчиња дрво биле пронајдени во вилиците на многу Неандерталци.
Но, чепкалките за заби се користеле и како оружје - во древна Грција многу луѓе биле отруени, а отровот бил ставен на чепкалката.
Во 19 век, благородниците купувале метални чепкалки за заби, убаво декорирани фигури кои биле и статусен симбол.
Освежувачи за здив
И пред 5.000 години луѓето се грижеле за тоа дали им мириса здивот.
Се верувало дека ако млада девојка има лош здив, со ова може да ги избрка потенцијалните додворувачи.
Во древниот Вавилон, луѓето џвакале суви смокви, а Египќаните користеле мешавина од темјан, миро, цимет и мед.
Во 1 век „пастата“ се правела од пепел од изметот од глувци и мед.
Уште 5 на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113659_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110170_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114328_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108273_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112333_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109109_400.jpg)