Зошто кучето е подобро од маж?
И покрај тоа што сите имаме добри пријатели и партнери, јасно ни дека идеалните мажи се вистинска реткост, резервирана исклучиво за оние...
...на кои секирата добро им паднала во медот.
Лежат по цели денови и се жалат дека им смрдат чорапите, доаѓаат дома во два и пол после полноќ и смрдат на алкохол, а си мислат дека сето тоа е симпатично, ги изневеруваат девојките со помлади жени и тврдат дека не им пречат вишокот килограми.
Од друга страна домашните миленичиња како на пример кучињата, се сето она кое мажите никогаш нема да бидат:
1. Кучето не го интересира дали сте се здебелиле оваа зима. Верувале или не, тоа ќе ве сака подеднакво. Уште и ќе им бидете помекички за галење. Вие сте неговата кралица без разлика на конфекцискиот број.
2. Кучињата никогаш не изневеруваат. Не треба да му копате по мејловите, Фејсбук или низ телефон, ниту пак да се обидувате да откриете зошто се понаша чудно. Никогаш нема да го начекате кучето кај секси сосетката. Целото внимание ќе го посветат само на вас.
3. Кучето никогаш нема да дојде дома пијано. Дури и ако сте сами дома ќе направи да се чувствувате убаво. Нема да ве тера да излегувате или да мора да го забавувате за да не му е здодевно.
4. Кучињата обожаваат да се галат. Немаат никакви скриени мотиви кога ќе дојдат да се милуваат. Ако сакате цел ден би можеле да се галите и мазите.
5. Кучињата се секогаш среќни кога ќе ве видат. Уште кога ќе го паркирате автомобилот и како што се приближувате кон вратата тие се спремаат да ви се израдуваат. Кога последен пат партнерот ви се израдувал што сте дошле дома?