Анорексија на дело: Оваа девојка има само 25kg!
Некогаш убавата 20 годишна Ксенија Бубенко, денес е непрепознатлива. Иако е висока 158 сантиметри таа има само 25 килограми и изгледа како костур.
Оваа Русинка заради екстремните диети кои си ги смислувала сама се довела до анорексична состојба.
Со неразумното изгладнување, кое таа го смета за диетален начин на исхрана, потполно се изобличила, го нарушила своето здравје и станала потполно несреќна. Кај анорексијата доаѓа до тешки пореметувања на целиот организам, кој полека, но сигурно згаснува. Редовно се јавуваат ендокрини пореметувања, остеопороза, камен во бубрег и депресија.
Во родната Русија медиумите ја напаѓаат затоа што неодамна се сликала како фото модел, се изборила за титулата најубава слаба девојка и јавно го бранела слабеењето.
Она што често започнува со релативно природна желба за губење неколку килограми, кај Ксенија е излезено од контрола и таа сериозно боледува од анорексија.