Француската страна на животот
Која е суштинската разлика меѓу Франција и Англија? Французите повеќе се забавуваат, повеќе пеат, повеќе се бакнуваат, поведро живеат и...
...почесто уживаат. А, да, и имаат поголем број Renault автомобили.
За потребите на новата кампања Ranault испраќа свој претставник од Франција кој има задача да го развесели сивото секојдневие во едно англиско селце.
Автомобилите и не се многу важни во оваа приказна, а пораката е повеќе од јасна.
Јадете, пијте, бакнувајте и размислувајте француски. Не го пропуштајте овој кус, но многу поучен документарец и не престанувајте да трагате по joie de vivre, без разлика колку години имате и каде живеете!
Секој од нас заслужува забава, зарем не?
З.П. | Црнобело