Креативно предложување брак (видеа)
Љубовта е најважна, но барем кај јавните предложувања брак креативноста е на високото второ место. Веројатно секој вљубен човек сака да ја...
...воодушеви својата девојка и да ги надмине сите претходни предлози за брак на светот, но некогаш не е доволна само добрата идеја.
Некому му требаат добри танчери, некому креаторот на крстозборот во Washington Post, а некому му се погодило за колеги да ги има актерите од одличната серија Scrubs или пак да биде водител на Златна бубамара :)
Сепак, тенка е линијата што ги дели изненадувањето и шокот!
Дури и во јавност барањето може да биде едноставно и слатко...
..или добро испланирано во договор со вработените во Washington Post
Кога и тој и таа работат на сетот на Scrubs би било штета да не им се додели улога и на актерите од серијата
Ако почнете со „Ај да гледаме како ја хранат ајкулата“ нема шанси таа да претпостави што сте испланирале
Како ќе ги објасните сите камери ако планирате да го снимите целиот потфат? Ќе задолжите некој да подлажне дека се снима документарец...
Сѐ е можно со добра песна и кореографија
А какви се вашите искуства и желби?