Кафе, чипс и уште 5 работи кои биле откриени случајно
Микробранова печка
Во 1940-тите години, инженерот Перси Спенсер работел со резонантни магнетрони кои ко користел за да ја утврди локацијата на некој предмет.
Тој случајно забележал дека чоколатцето што го имал во џебот се стопило и така ја добил идејата дека овие микро бранови може да се користат за загревање на храната.
Тој продолжил со експериментите и на други типови храна, како јајца или пуканки и на крајот нашол начин како да ги постави магнетроните во метална кутија со врата и на тој начин ја создал првата микробранова печка.
Безопасна игла
Во 1849 година Волтер Хант седел во својата продавница и размислувал како ќе му врати 15 долари на пријателот од којшто позајмил пари.
Изгубен во мислите, тој во рацете вртел парче механичка жица.
Во еден момент забележал дека кога ја превиткал жицата и ја споил со самата себе, таа останала флексибилна и не се скршила.
Ова му дало идеја за да ја создаде безопасната игла, па откако направил неколку нацрти, патентот го продал за 400 долари.
Хемиско чистење
Со векови луѓето ја переле облеката за да се ослободат од дамките.
Но, во 1825 година, слуга во домот на Жан Батист Џоли случајно ја истурил течноста од ламбата (газија) врз валкан чаршав.
Кога се исушила, забележал дека ги нема ни дамките.
Кафе
Според најпопуларната легенда, кафето е пронајдено во 850 година во Јемен, кога овчар по име Калди забележал како неговите овци ги јадат плодовите од дрво кое личело на цреша, а по тоа како да добивале енергија.
Од љубопитност пробал едно зрно, па се зачудил што е поенергичен од претходно.
За своето сознание му кажал на монах од блискиот манастир, па тој набрал неколку плодови и им дал на останатите монаси да каснат, со надеж дека ќе им помогне да останат будни ноќе.
Кафето на почетокот го јаделе, а дури во 11-тиот век почнале да го конзумират како пијалак.
А. Ј. | Црнобело