Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот

Припјат, Украина

Припјат е градот кој беше најпогоден по нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година.

Денес таму доминираат напуштени згради, по улиците има оставени автомобили, играчки, облека, но и забавен парк, кој денес е туристичка атракција.

hotel-vo-oteshevo-i-ushte-9-mornichavi-napushteni-mesta-vo-svetot-09.jpg

Градска методистичка црква, Индијана, САД

Оваа напуштена методистичка црква се наоѓа во гратчето Гари, родното место на Мајкл Џексон.

Изградена е во 1926 година, има 9 ката, а ја краселе готска архитектура, камени ѕидини и шарени витражи.

Црквата била затворена во 1975 година, по што почнала да пропаѓа.

Но, поради својот изглед, режисерите на неколку хорор филмови ја искористиле како локација за снимање, па така, тука е снимен и еден од најпознатите хорори - A Nightmare on Elm Street.

hotel-vo-oteshevo-i-ushte-9-mornichavi-napushteni-mesta-vo-svetot-05.jpg

Пониженџ, Масачусетс, САД

Понихенџ е место каде што се „фрлаат“ пластични пони и коњи за клацкање за деца.

Местото се наоѓа западно од Бостон.

Првите пони играчки биле оставени околу 2010 година, а потоа почнале да се носат и други пластични играчки, кои се поставуваат во редови и кругови, како во забавните паркови.

hotel-vo-oteshevo-i-ushte-9-mornichavi-napushteni-mesta-vo-svetot-06.jpg

Дворецот Лапалице, Полска

Овој замок потсетува на легендарните морничави дворци од Источна Европа.

Изграден во 1979 година, овој дворец требал да биде уметничко ателје на Пјотр Казимиерчак, но поради финансиски средства, тој се откажал од неговата доградба.

hotel-vo-oteshevo-i-ushte-9-mornichavi-napushteni-mesta-vo-svetot-03.jpg

Хотелот „Халудово палас“, Хрватска

Овој хотелски комплекс е изграден на островот Крк во 1971 година и неколку децении освен туристите, го посетувале и познати глумци, но и светски лидери.

Хотелот ги затворил своите врати во 2001 година и оттогаш стои напуштен и морничав.

hotel-vo-oteshevo-i-ushte-9-mornichavi-napushteni-mesta-vo-svetot-10.jpg

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg