Го промени светот, но умрел сам, во сиромаштија – Тажниот живот на Никола Тесла
По ова, почнал особено тежок период за инженерот.
Заработувал по 2 долари дневно копајќи дупки, а во меѓувреме безуспешно пробувал да основа своја компанија од областа на електроенергетиката.
Но, по извесен период нашол финансиска поддршка за неговите истражувања за наизменичната електрична струја, а во периодот 1887-1888 добил над 30 патенти за неговите изуми.
Со ова бил забележан од други инженери и научници, па бил поканет да држи говор на Американскиот институт за електроинженери.
Овде како да му се насмеала среќата бидејќи го запознал Џорџ Вестингхаус – изумител кој бил еден од најголемите ривали на Томас Едисон.
Тесла почнал да работи кај Вестингхаус кој, пак, му дал цела лабораторија.
И соработката со Вестингхаус не била без проблеми, но сепак, во периодот додека работел за него, Тесла направил големи достигнувања.
Заедничката работа кулминирала со првата модерна електрана која ја направиле на Нијагарините Водопади.
Само 2-3 години подоцна, во 1895-та, во лабораторијата на Тесла избувнал пожар и тој изгубил огромен дел од неговата работа.
Подоцна успеал да добие спонзори за друг проект, но набрзо останал без пари и проектот бил напуштен.
Последните години од животот ги поминал по хотели во Њујорк, без пари.
Веќе никој не бил заинтересиран за неговите понови изуми, а и самиот немал сила да работи како во младоста.
Истовремено, му се влошувало и менталното здравје.
Почнал да се фасцинира од најчудните работи, како бројот три, а во годините пред смртта минувал повеќе време со гулабите низ Њујорк отколку со луѓе.
Всушност, самиот има изјавено дека тој дури и комуницирал со гулабите.
На 7-ми јануари 1943-та, на 86-година возраст, Никола Тесла починал во хотелска соба во Њујорк.
Како причина за смртта е наведена коронарна тромбоза.
Постојат разни теории на заговор за она што се случило по смртта на инженерот.
Наводно, од неговата хотелска соба недостасувале многу дизајни за изуми на коишто работел и кои до денес не се најдени.
Тесла никогаш не се оженил и немал деца, но зад себе дефинитивно оставил огромно наследство кое целосно го промени светот во којшто живееме.
Спирова С. | Црнобело