Го промени светот, но умрел сам, во сиромаштија – Тажниот живот на Никола Тесла
Никола Тесла е научникот кој го модернизира светот, но и покрај достигнувањата, последните години ги поминал во беда, живеејќи во хотелски соби во Њујорк, хранејќи гулаби и изолирајќи се од сите…
Никола Тесла е можеби најпознатиот научник на сите времиња, со огромен придонес во областа на електротехниката.
Познат е и како „татко на наизменичната струја“ и, на некој начин, го модернизира светот.
И покрај неговите достигнувања во научната област, животот на Никола бил далеку од лесен и тој умрел сам, во беда и сиромаштија.
Неколку детали за животот на еден од најголемите научници во историјата на човештвото:
Никола Тесла има српско потекло и бил роден во селото Смиљан во денешна Хрватска. Кога се родил, на 10-ти јули 1856-та, селото било дел од Австроунгарија.
Таткото на Тесла бил свештеник, додека мајка му, иако немала формално образование, била мошне интелигентна жена.
Во неколку наврати, и самиот Тесла им изјавено дека неговиот интелект е нешто што го наследил од мајка му.
Тесла имал три сестри, Милка, Ангелина и Марица, како и еден брат – Дане – кој загинал додека јавал коњ кога научникот имал околу шест години.
Средно и основно завршил настрана од родното село.
Научникот почнал да покажува интерес за електричната струја благодарение на неговиот професор по физика од средно.
Другите професори, пак, мислеле дека мами на тестовите бидејќи Тесла без проблем решавал задачи од областа на калкулус во својата глава.
Тој бил толку добар ученик, што завршил средно за три години, наместо четири.
По матурирањето, Тесла се вратил во родното село, но тогаш се заразил од колера.
Овој период, татко му го терал и тој да стане свештеник. Но, очаен поради болеста на синот, му ветил дека ќе го испрати во најдоброто училиште за инженери, само ако оздрави.
По закрепнувањето, Тесла студирал математика и физика на Техничкиот универзитет во Грац, а потоа и филозофија на Универзитетот во Прага.
Извесен период живеел и во Париз каде што работел во електрана.
Две години подоцна, се преселил во САД.
Во 1884 година, Тесла се вработил во компанијата на Томас Едисон во Њујорк.
Секако, веднаш се истакнал со знаењето и интелектот, а Едисон бил импресиониран од него.
Но, наместо да го поддржи, Едисон го измамил.
Едисон му ветил на Тесла дека ќе му даде 50.000 долари ако го подобри дизајнот на вид електричен генератор, познат како динамо, кој го произведувала неговата компанија.
Тесла работел на задачата со месеци и кога му го покажал дизајнот на Едисон, тој не му платил туку буквално му ја украл идејата.
Очекувано, набрзо потоа Тесла дал отказ.