Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов
Адријан и Џилијан Бефорд
Уште еден пар чиј брак настрадал поради победата на лотарија.
Во 2012 година, Адријан и Џилијан од Англија освоиле околу 150 милиони евра на лотарија, но среќата им траела само 18 месеци.
Тие се разделиле, а самите изјавиле дека стресот кој дошол со парите имал огромна улога.
По разделбата, и двајцата имале неколку бури врски.
Џилијан била и жртва на насилство, а се венчала со маж кој бил обвинет за кражба.
Адријан, пак, бил искористуван за пари од неколку многу помлади девојки и денес наводно е сингл.
Роџер и Лора Грифитс
Штом освоиле околу 2 милиони евра на лотарија во 2005-та, Лора и Роџер од Англија дале отказ од работните места.
Околу половина од добивката веднаш ја потрошиле на луксузен дом, а Роџер потрошил значителна сума за да сними албум со неговиот бенд од факултетските денови.
Иако имале инвестирано во куќа, во 2013-та вредноста драстично ѝ се намалила, па ги изгубиле скоро сите пари.
Ова ја разнишало и нивната врска, па истата година се разделиле.
Спирова С. | Црнобело