Детали за животот на Швеѓаните што се „културен шок“ за секој турист
Можеме да им завидиме на бонтонот за чекање во редица
Во Шведска нема да се најдете во ситуација некој да ви го земе редот, нешто што не е така ретко кај нас.
Швеѓаните не се буткаат да поминат први, дури и ако треба да чекаат неколку часа.
Еколошката свест е на многу високо ниво
Швеѓаните го даваат најдоброто од себе за да ја заштитат природата.
Скоро и да нема личност која не рециклира и само 1% од отпадот на луѓето завршува во депонии.
Околу 49% од отпадот се рециклира, а сè останато се согорува во посебни фабрики.
Шведска увезува отпад од други земји
Со согорувањето на отпадот, Швеѓаните всушност произведуваат топлинска и електрична енергија.
А, бидејќи голем дел од својот отпад рециклираат, тие увезуваат од другите европски земји, како гориво за производство на топлинска и електрична енергија.
Во општеството речиси и да нема хиерархија
Во Шведска сите се сметаат за еднакви, без разлика на професија, статус во општеството или возраст.
Па, професорите не очекуваат учениците да им се обраќаат со „професоре“, а ни докторите не сакаат да им се обраќаат со „докторе“, туку со нивното име.
За странците не е лесно да стекнат пријатели
Швеѓаните си ја ценат приватноста и тешко дека ќе ви се случи да почнете разговор на улица со личност што првпат ја гледате.
Дури и ако неколкупати се дружите со некоја личност, ќе бидат потребни месеци за да ви сподели нешто лично.
Спирова С. | Црнобело