12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците
Кога чекате гости, веднаш понудете ги со пијалак
Немојте да чекате да дојдат сите гости, па да ги понудите со пијалак.
Веднаш штом некој ќе пристигне во вашиот дом, прашајте го што сака за пиење.
Не носете цвеќе кога сте поканети на вечера
Според британскиот бонтон, кога некој ќе ве покани кај него на вчера, добро е да однесете мал подарок, најдобро бонбониера.
Но, избегнувајте да носите букет цвеќе бидејќи со ова ќе му отворите работа на домаќинот – да бара вазна и слично.
Почитувајте го личниот простор на другите
Кога сте во јавност, секогаш имајте го предвид личниот простор на другите.
Немојте да им „дишете во врат“ на луѓето кога чекате во редица или каде било.
Кога, пак, се поздравувате со некој што не ви е многу близок, не инсистирајте на прегратка и држете соодветно растојание.
Немојте да одите преку ред
Кај нас, ова дефинитивно е чест проблем.
Никогаш немојте да го земате туѓиот ред, дури и ако „само сакате да прашате нешто“.
Ако навистина ви се брза, тогаш замолете ги луѓето пред вас да ви дадат предност. Ако се согласат, во ред. Ако не – не инсистирајте и чекајте да ви дојде редот.
Не го проверувајте телефонот кога сте на маса со други
Ако го извадете телефонот додека сте во ресторан или локал со други луѓе, со тоа покажувате дека не сте заинтересирани за нивното друштво.
Освен ако не станува збор за нешто итно, избегнувајте да го проверувате телефонот.
Кога не сте сигурни, бидете формални
Ако треба да се јавите некому, да напишете мејл или порака и слично, а станува збор за личност која не ја знаете, секогаш бидете формални.
Никој нема да се навреди ако зборувате и се однесувате формално, а можете да го смените односот во попријателски ако соговорникот инсистира на тоа.
Спирова С. | Црнобело