10 вкусни традиционални појадоци од земјите ширум светот
Популарниот турски појадок кој вклучува намирници како маслинки, јајца и зеленчуци, овесна каша со тиква од Русија…
Во повеќето развиени земји, вклучувајќи и кај нас, појадоците стануваат колку-толку исти бидејќи ретко кој има време да спрема цела гозба наутро.
Сепак, секоја земја си има свои традиционални појадоци кои можеби ќе ви дадат идеја за следниот оброк.
Дел од највкусните традиционални појадоци ширум светот:
Швајцарија
Еден од традиционалните појадоци во Швајцарија е познат како rösti, кој наликува на дебела палачинка.
Јадењето се прави од рендани компири кои се пржат во тава, но можат и да се испечат.
Австралија
Во Австралија, за појадок доста често се јаде намаз познат како vegemite.
Намазот се прави од екстракт пивски квасец и се мачка на двопек.
Некогаш се комбинира и со пржени јајца, сланина, печурки…
Јапонија
За појадок, Јапонците доста често консумираат солена храна, која повеќето би ја сметале за ручек.
Обично комбинираат неколку намирници, најчесто мисо супа, ориз и протеин, како лосос.
Доста популарен појадок е и јапонскиот омлет, познат како tamagoyaki.
Индија
И Индијците преферираат солен појадок, кој обично вклучува пржено тесто познато како vada, чорба со леќа и зеленчуци позната како sambar и ориз.
Турција
Турците имаат неколку традиционални појадоци, но доста популарна е комбинацијата од разни видови сирење, путер, маслинки, јајца, домати, краставици... и, секако, турски чај.