Како да се стоплите?
Деновиве чувствуваме што навистина значи зима во права смисла на зборот. Ни студи постојано, па затоа ова се неколку совети како да ви биде потопло.
Инаку, препорачана температура за дневната соба е 21 степен Целзиусов, се што е помалку од 20°C е здравствен ризик за организмот.
Препорачана температура во спална соба е 18°C. Кај зимурливите може и некој степен повисока.
Техники за одржување на пристојна температура во ладните домови:
1. Облекувајте се потопло – Наместо летни пижами, облечете подебели зимски (на пример фротирски). Во домот движете се најмалку со два слоја облека. Волнен џемпер е една од можностите.
2. Користете ќебе – Додека седите на каучот и гледате телевизија покријте се со ќебе.
3. Движете се повеќе. Сега му е мајката да чистите по дома. Или да вежбате.
4. Пијте топли напитоци – чај, како, млеко и топло чоколадо, салеп...нека станат дел од вашето секојдневие.
5. Поправки – Тенките прозори, врати кои лошо дихтуваат и неизолирани ѕидови ја одземаат топлината.
6. Завеси – дури и тенки завеси на прозорите спречуваат да се губи дел од топлината.
7. Навечер спуштете ги ролетните и навлечете ги завесите за да ја засилите изолацијата на прозорците.
8. Гответе. Со ова се произведува топлина, а организмот кој се храни здраво е поотпорен на студ.
9. Јадете супа.
10. Престанете да пушите. Ја забавува циркулацијата и повеќе ви студи.
11. Проветрувајте така што кратко ќе ги отворите ширум сите прозори. Така ќе се промени воздухот, а нема да се оладат ѕидовите и мебелот. Најлоша опција е да држите малку отворен прозор цело време.
12. Поставете чергиче на дното на влезната врата, затоа што многу топлина се губи под вратата.
13. Пијте многу течности. Сувиот воздух како резултат на греењето ве дехидрира. Но, немојте да пиете многу кафе затоа што кофеинот делува како диуретик и телото брзо ја губи влажноста.
14. Ѓумбирот и циметот имаат способност да го загреваат телото. Шоља чај од ѓумбир со малку цимет наутро, ќе ви помогнат да ви биде топло во текот на денот.
15. После капење телото намачкајте го со масло за тело. Тоа ќе делува како тенок слој на облека.
16. Додадете екстра прекривка на креветот. Подобро покријте се со повеќе слоеви тенки прекривачи затоа што создавате еден вид изолација.
17. Користете термофор или вреќа за спиење.
18. Ставете теписони на подот.