Ослабела 226 килограми
Мелиса Морис со помош на храброста и упорноста се ослободила од 226 килограми сало. Кога ја започнала борбата имала повеќе од 300 килограми.
Сега има пристојни пропорции, а некогаш важеше за најтешка на светот.
Порано, за да сошие сукња и биле потребни 365 сантиметри обем, а сега потполно нормално си купува низ модните продавници.
Клучен момент за да ја започне борбата со килограмите било кога нејзината тешко болна мајка, скоро оперирана од рак, сета во завои, станала од кревет и ја прашала:
„Сакаш ли да ти спремам нешто да јадеш?“
„Можеше да умре, но се грижеше да не бидам гладна. А, мојата величина јасно укажуваше на тоа дека и да сум гладна, нема да ми фали ништо. Побарав помош од доктор кој би сакал да ми вгради гастро бајпас. Знаев дека ова е единствен начин за да се доведам во ред. Морав да ослабам навистина многу, за да останам жива.“ – раскажува Мелиса, чија цел била да стане здрава, а не слаба личност.
Нејзиниот сопруг Крис Морис, се сеќава на нејзиниот огромен апетит:
„Дома не се враќав без барем два оброци Биг Мек, 20 Мек нагет, чоколади и сокови. Сега јаде три умерени оброци“ – вели гордиот сопруг. Сега конечно станал нејзин партнер, маж и татко, а не само негувател и носач.
„Мојата самодоверба беше уништена. Не можев да се гледам во огледало. Живеев од ден на ден се полошо. И кога ослабев, себе си се замислував како дебела жена. Таа слика никако да ми излезе од глава. Сега сум нова личност. Мојот сопруг дури и се плаши да не го оставам“ – вели Мелиса.