Обожавателка на Ноле: Вратете ми ја маицата!
Австралијанката Мелиса Кука е голема обожавателка на Новак Ѓоковиќ. Несреќната тинејџерка очајува по маицата на Ноле која била наменета...
...за неа во финалето на Аустралиа Опен, но една госпоѓа ја дофатила пред Мелиса.
„Ја преколнувам госпоѓата да ми ја врати маицата на Ноле, затоа што јас ја заслужив. Почнав да плачам бидејќи многу сакав да го добијам тој дрес. Не ми се веруваше дека отиде во други раце. Дури и бев убедена дека тој ја намени за мене. Цел меч гласно навивав за него и не е случајност што баш тргна кон местото каде седев јас. Страшно сум тажна, но се надевам дека таа жена ќе ми ја врати маицата. Којзнае кога ќе добијам пак ваква прилика“ – изјавила очајната Мелиса.
„Во мојата соба се наоѓаат сите негови постери и тој ѕид го нареков по Новак. Би сакала на него да се најде и некој негов личен поклон, а маицата со која го освои овој Грен Слем во мојата земја е идеална за таму“ – вели австралиската тинејџерка.