Дали сте супер жена?
Веруваме дека не проаѓа ниту еден ден, а да не ве бомбардираат наслови од типот како да бидете добра сопруга, девојка, секси заводничка, активна...
...љубовница и успешна вработена жена.
Ова е анализа од поинаков аспект – мажите одговараат што е потребно за една жена да биде забавна, посакувана и привлечна. Одговорите можеби ќе ве изненадат.
Ако се верува на мажите, супер жената мора да знае:
1. Да промени гума на автомобил. Оваа жена е неодолива на секој маж.
2. Да смени масло во автомобилот. А, мажите сакаат и да споделуваат совети на оваа тема.
3. Да се задоволи самата себе. Девојка која знае да преземе се во свои раце, а тој да ужива гледајќи ја.
4. Да кажува вицеви и шеги. Оваа дарба не се учи. Едноставно, или сте забавни или не. Мажите обожаваат жени со смисла за хумор.
5. Да знае да подготви барем еден вкусен оброк кој ќе биде вистинско ремек дело. Не, не мора да готви постојано. Ама кога го готви омиленото, има да биде уживање.
6. Да инвестира пари – барем оној дел кој не ги троши за секојдневен живот.
7. Да знае да танцува секси. Да биде слободна, да може да го изненади. Не мора да биде стриптиз – латино танци се секогаш жешка фантазија.
8. Да направи професионална фотографија.
9. Да се снаоѓа во просторот.
Колку од овие услови исполнувате?