Хари ќе му биде замена додека да порасне: Што ако принцот Џорџ стане крал пред да наполни 18?
Ќерката на кралицата Елизабета веројатно ќе стане советник на кралот
Ќерката на Елизабета, принцезата Ана, би можела да биде советник на кралот доколку Џорџ седне на тронот.
Задачата на советникот е да помага во водењето на кралството додека кралот да стане полнолетен.
Советникот може да го замени и регентот доколку тој е отсутен.
Кејт Мидлтон не смее да биде регент
Доколку не се промени кралски протокол, Кејт Мидлтон ќе нема дозвола да стане регент.
Иако таа би била кралица кога Вилијам ќе стане крал, Кејт не е наследничка на тронот и нема право да биде регент.
Принцот Џорџ веројатно ќе биде подготвен за новата улога
Бидејќи е директен наследник на тронот, принцот Џорџ уште сега се подготвува за титулата крал.
Според извори блиски до кралското семејство, Кејт и Вилијам не сакаат Џорџ да се плаши од помислат да стане крал, па го подготвуваат уште од најрана возраст.
Имено, додека претходните наследници не биле многу подготвувани за оваа титула, Вилијам си ја сфатил задачата мошне сериозно и сметал дека неговата најважна улога во семејството е „да го воспита идниот крал“.
Џорџ може да се откаже од тронот
Принцот Џорџ ќе има право и да се откаже од тронот.
Последниот крал кој се откажал од тронот е Едвард Осми, чичкото на кралицата Елизабета.
Тој абдицира за да може да се венча со Волис Симпсон која била разведена.
Бидејќи немал деца, тронот го наследи брат му, односно таткото на Елизабета.
Доколку принцот Џорџ одлучи дека не ја сака титулата, тогаш сестра му Шарлот ќе го наследи тронот.
А, доколу таа стане кралица пред да наполни 18, за неа ќе важат истите правила што ги набројавме.
Спирова С. | Црнобело