Помалку познати, но значајни жени, чии откритија го сменија светот

Знаете ли дека првиот компајлер го напишала жена? Благодарение на Американката Грејс Хопер, денес програмерите можат да програмираат користејќи англиски јазик, а не единици и нули.

pomalku-poznati-no-znachajni-zheni-chii-otkritija-go-smenija-svetot-01.jpg

Кога ќе се земе предвид дека до не толку далечното минато жените немале право да гласаат, ни да отворат сметка во банка, донекаде е јасно зошто ретко слушаме за „женски изуми“.

Но, зад голем дел од изумите што ни го променија светот, стојат токму жени од кои повеќето живееле во период кога немале глас.

Па, иако сме благодарни за нивните изуми, за жените не сме ни слушнале.

5 жени кои го променија светот и треба да знаете за нив:

Дороти Воган

Родена во 1910 година во САД, Дороти Воган била математичарка која работела во НАСА и таа е во голема мера заслужна за формирањето на вселенската агенција.

И, Дороти не само што била жена, туку и Афроамериканка.

Најпрво работела како професорка по математика, а нејзината кариера тргнала во друга насока по почетокот на Втората светска војна.

Дороти, заедно со други Афроамериканки кои биле математичарки, станала дел од аеронаутички одбор, кој на некој начин, е предвесник на НАСА.

Овде задачата на Дороти била да пресметува комплексни равенки кои се користеле во војната, но и за вселенската програма на САД.

Со текот на времето, кога НАСА станала посебна агенција и почнала вселенската трка помеѓу САД и Советскиот сојуз, Дороти станала менаџер на агенцијата.

Низ годините има добиено бројни награди за нејзините достигнувања, а има и кратер на Месечината кој го носи нејзиното име.

Во 2020-та, пак, во вселената беше лансиран и сателит со нејзиното име.

Дороти почина во 2008-ма, на 98-годишна возраст.

pomalku-poznati-no-znachajni-zheni-chii-otkritija-go-smenija-svetot-02.jpg

Еми Нетер

И Еми Нетер била математичарка, а Ајнштајн изјавил дека е една од најважните жени во математиката.

Била родена во Германија во 1882 година, но најголем дел од животот поминала во САД.

Еми има направено значајни достигнувања во областа на апстрактна алгебра – комплициран и мошне важен дел од математиката.

Нејзините откритија, пак, се клучни за математичката физика и им помогнале на бројни физичари подобро да го разберат светот околу нас. Односно, без нејзиниот придонес, бројни физичари не би ги направиле нивните значајни откритија.

Покрај своите достигнувања, Еми била и професорка по математика која се фокусирала на тоа да ги едуцира жените.

Починала многу млада, на само 53 години, од тумор на карлицата, но и циста на јајникот која ѝ ја влошила состојбата.

pomalku-poznati-no-znachajni-zheni-chii-otkritija-go-smenija-svetot-03.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg