Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози
Добри организациски вештини
Ако мислите ви се расеани, ако не знаете што сакате и ако не можете да одредите што треба да ви биде приоритет, нормално дека ќе имате тешкотии при остварувањето на целите.
Ова е и карактеристика што ја бараат и сите работодавци од очигледни причини – оној кој знае да си го организира времето, ќе биде многу поефикасен и попродуктивен.
Способност за адаптација
Способноста за адаптација, односно флексибилноста е карактеристика што им се припишува на успешните, но и на луѓето со натпросечна интелигенција.
Флексибилните луѓе полесно се справуваат со пречки и проблеми бидејќи полесно си го менуваат пристапот кон истите кога ќе сфатат дека нешто не функционира.
Притоа, побрзо се снаоѓаат со нови опкружувања, луѓе, обврски… И, сето ова им ги зголемува шансите за успех во кој било аспект од животот.
Самодисциплина
Ако не сте дисциплинирани и ако ги избегнувате обврските до последен момент (или целосно ги запоставате), не можете да очекувате да успеете.
Всушност, ова е можеби дури и најважната одлика на успешните луѓе.
Тие знаат што треба да направат и не бараат изговори, туку го прават тоа дури и кога не се расположени и не дозволуваат ништо да им ги одвлече мислите кога работат.
Способност (и желба) за учење
Успешните луѓе не завршуваат со учење кога ќе матурираат или дипломираат.
Напротив, тие го надградуваат знаењето цел живот – и за областа во којашто работат, но учат и работи од „општа култура“.
И, не ви е потребна натпросечна интелигенција за да учите нови работи.
Способност за комуницирање
Очигледно, за да успеете во животот треба да знаете да комуницирате со другите.
И, не е важно само како се изразувате и што зборувате.
Исто важно е и да бидете внимателни слушатели кои знаат да покажат интерес.
Со ова, поверојатно е другите да ви веруваат и да ви помогнат да стигнете до вашите цели, без разлика дали директно или индиректно.
Спирова С. | Црнобело