6 претпоставки кои ги креираат филмовите за жените
Жените често пати знаат да се пожалат за тоа како се опишувани во филмовите и сериите. Можеби мажите навистина ќе помислат...
...„Па, тие се навистина такви!“... но, подобро да размислат пред да го кажат ова пред понежниот пол.
Како се претставени жените во сериите и филмовите:
1. Опседнати со тежината и кога не се дебели? Сакат да се грижат за себе, но ако изгледаат совршено како холивудските ѕвезди нема да се жалат дека сакаат да ослабат. Може единствено да се пофалат колку време поминуваат во вежбање.
2. Се лутат без причина. Веројатно секоја жена знае да се налути, но сепак за тоа треба некоја добра причина. Ретки се оние кои се хистерични без потреба. Или не?
3. Конфликти на релација семејство – работа. Повеќето жени се трудат да ги ускладат работата и семејството, но во многу романтични комедии жените се толку понесени од кариерата што немаат време за љубов, а филмот им помага да ги откријат вистинските вредности во животот – сакан сопруг и семејство. Но, кога малку подобро ќе размислите, денешните жени работат од 9 до 17 и после скитаат по кафиња со другарките. Или не?
4. Отворени расправии со жени. Без оглед на тоа што мислат за соработничките и конкурентките повеќето жени се доволно воспитани и свесни да не прават јавни сцени и расправии.
5. Трапави. Ако направите женски лик во филм премногу совршен, никој нема да може да се поистовети со него. Затоа најчесто жените во филмовите се несмасни, дури и повеќе од било која просечна жена.
6. Шопингохоличарки. Не сите жени губат памет по штикли, чанти и фустанчиња. Има многу поважни работи од губење време низ продавници!
Се согласувате? Имате нешто да додадете?