Најдобри и најлоши парови за дружење

najdobri-i-najlosi-parovi-za-druzenje-povekjeКога сте во врска едноставно ви годи излегувањето во парови. Се надеваме знаете дека тоа никако не значи дека треба да ги заборавите вашите слободни пријател/ки...


...но сакаме да ве потсетиме и дека не сите други парови се добро друштво. Ви ја нудиме поделбата на најдобри и најлоши парови за дружење според психолозите, па добро размислете со кого ќе го поминувате слободното време.

Барајте ги:

najdobri-i-najlosi-parovi-za-druzenje-1

Поддржувачите
Оние што се радуваат на вашата среќа. Позитивни личности кои не ги истураат своите фрустрации преку неумесни споредби со вашите проблеми. Напротив, оваа двојка ви ги честита сите успеси и е одличен пример на кој се угледувате.

Предизвикувачите
По некое време лесно е да се препуштите на досадата. Се навикнавте на филм и пуканки по дома секој викенд? Затоа ви се потребни пријатели на кои не им недостигаат свежи идеи. „Одиме некаде на викенд“ или „Ајде да го ѕирнеме новиот ресторан“ може да бидат спасоносни предлози за вашата врска.

Сличните
Оние кои се наоѓаат во истата фаза како и вие се одлично друштво. Ако минувате низ слични нешта едни на други ќе си помагате споредувајќи ги своите искуства и справувајќи се со истите предизвици. На пар што подготвува свадба добро ќе му дојдат коментарите и советите од пријатели кои го планираат истиот чекор, или пак неодамна ја направиле својата венчавка. Истото важи и за парови кои го очекуваат првото бебе, оние кои планираат да се вселат заедно, оние кои прв пат ќе одат заедно на одмор...

Старите добри пријатели
Во овој случај и не мора да се пар, но секако ви е потребен некој кој ве познавал уште пред да бидете дел од оваа врска и некој кој ги следел сите развојни фази на истата. Личноста која знае како сте се чувствувале по првите средби, личноста која ви помагала да го изберете првиот подарок за партнерот/ката и која се сеќава колку сте биле возбудени пред првиот одмор во двојка, ќе знае и да ви го даде вистинскиот совет и да ве потсети на сите добри моменти од минатото кога ќе западнете во криза.


Избегнувајте ги:

najdobri-i-najlosi-parovi-za-druzenje-2

Полошата половина
Излегувањето во парови е одлично само кога секој има добра комуникација со останатите тројца. Колку и да е фина вашата пријателка, тешко е да се дружите во парови ако знаете колку лошо се однесува нејзиното момче кон неа. Колку и да сте блиски со вашиот пријател не е едноставно да ги толерирате негативните забелешки на неговата нова девојка која секогаш кога ќе ве види „имала лош ден“. Истото важи и кога нечија „полоша“ половина флертува со некој од вас двајца или со други луѓе.

Озборувачите
Тие се популарна двојка која се поздравува со секој втор во градот, присутни се на сите забави и често ги среќавате на нечиј роденден. Но кога и да седнете со нив тие почнуваат да набројуваат што се` не е во ред со овие, колку чуден пар се оние, дали сте забележале како таа и таа го загледува момчето на онаа, колку се здодевни тие и тие... Ако се подготвени пред вас да зборуваат лошо за своите други познаници и пријатели, зошто мислите дека вие ќе бидете исклучокот?

Проблематичните
Не треба да ги напуштате пријателите во проблематичните периоди, но подобро е да ги сослушате на само. Излегувањето во парови со оние кои очигледно се пред раскинување или уште се расправаат околу нечие неверство не е добра идеја. Негативноста често знае да биде заразна, а и никогаш не е пријатно да се најдете во средина. Не постои добар одговор на прашањето „Кој од нас двајца е во право?“.

Натпреварувачите
Тие се опседнати со желбата да бидат најдобри и никогаш не забораваат да се пофалат и „случајно“ да ги нагласат вашите недостатоци. Нивната кола е понова, нивниот стан е поголем, нивните одмори се полуксузни, нивните работни места подобро платени, нивните други пријатели позабавни... Нема причина постојано да го слушате ова.

Пријателства се развиваат цел живот и не мора да „пребарувате“ само низ вашето стандардно друштво. Паровите за дружба може да бидат кои било, од новите соседи, колегите од работа, членови на семејството, пријатели од средно со кои сега имате повеќе заеднички нешта отколку тогаш...

А кога веќе сме на оваа тема, размислете и дали можеби вие како пар сте дел од овие токсични примери.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Стари (и подзаборавени) имиња за момчиња со убаво значење Секое име има значење и симболика кои кажуваат нешто за личноста која го носи. Н...
Фотографии што ќе ве потсетат на безгрижните лета од детството Си игравме надвор додека не зајде сонцето и велосипедот ни беше омиленото превоз...
Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg