Работи што ги прават луѓето кои ја проектираат својата несигурност на другите
Ги исмејуваат другите, но и постојано се критикуваат себеси.
Обично несвесно, луѓето со ниска самодоверба ја проектираат својата несигурност бидејќи ова им е вид одбранбен механизам.
Ова значи дека лошите мисли и чувства што ги имаат, ги бараат и кај другите, со цел да се чувствуваат подобро во врска со себе.
Ова однесување може да биде штетно и за нив, и за нивните сакани, па важно е да можете да го препознаете.
Навики на луѓето кои ја проектираат својата несигурност:
Ги обвинуваат другите и за своите грешки
Несигурните луѓе никогаш нема да признаат кога ќе направа грешка, ниту, пак, ќе преземат одговорност за неа.
Тие секогаш ќе најдат начин да ја префрлат вината на некој друг.
Секогаш им наоѓаат мани на другите
За да се чувствуваат подобро во врска со себе, несигурните луѓе се фокусираат на туѓите недостатоци.
Дури и ако пред нив стои најубавата, најпаметната и најуспешната личност, тие ќе најдат да замерат за нешто.
Ги исмеваат другите
Покрај критикувањето, овде е и исмејувањето.
И, тоа не е секогаш поради некоја мана или лоша карактеристика.
Несигурните луѓе неретко наоѓаат начин да ги исмеваат добрите карактеристики на другите, за и нив да им ја разнишаат самодовербата.
Постојано се критикуваат себеси (и мислат и дека другите го прават тоа)
Несигурните луѓе најмногу се критикуваат себеси.
Постојано се фокусираат на своите недостатоци и живеат во постојан страв дека и другите размислуваат само за тоа.