Перниче од износен џемпер
Секоја зима си купувате нови џемперчиња, а немате срце да ги дадете старите? Еве како да ги зачувате, а да не го преполнувате плакарот. Направете си украсно...
... перниче! Направете навлака за перниче:
1. Измерете го џемперот и одберете перница со големина што му одговара (мерете до под ракавите). Најдобро е ако најдете перниче кое ќе го „облечете“ со џеперот за да не мора да сечете и шиете од страните.
2. Превртете го џемперот со внатрешната страна надво, измерете ја потребната должина оставајќи околу 0,5 cm повеќе за шиење на работ и исечете го вишокот.
3. Едниот крај зашијте го на машина или рачно, па извлечете го џемперот со лицето нанадвор (шавот ќе остане скриен во внатрешноста)
4. Облечете го перничето и зашијте ја последната страна. Овде може да употребите и копченца ако сакате да го вадите перничето.
З.П. | Црнобело