7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо
Намалете ги брчките околу очите
Една од најдобрите вежби за намалување на брчките околу очите е со вежбата во која ги допирате двата краја на окото со показалецот и средниот прст (во вид на буквата V).
Благо притиснете ги прстите, а потоа подраширете го показалецот кон работ на веѓите.
Кренете го погледот нагоре, а со прстите поткренете го благо долниот капак.
Повторете ја вежбата 7 пати.
Освен што ги намалува брчките, оваа вежба помага и да се намали надуеноста околу очите.
Зацврстете го лицето со вежбата „насмевка на кловн“
Вежбата „насмевка на кловн“ ќе ви го зацврсти лицето.
Прво направете широка насмевка, но усните нека ви бидат споени цврсто.
Усните вовлечете ги навнатре, а со прст туркајте ја брадата наназад.
Додека сте во оваа положба, повторно насмевнете се како на почетокот на вежбата и останете во таа позиција околу 5 секунди.
Повторете ја вежбата 10 пати.
Со насмевка омекнете ги цртите на лицето
Оваа вежба е одлична за вашите јаболчници.
Благо отворете ја устата и со јазикот покријте ги горните заби. Потоа насмевнете се колку што можете пошироко.
Додека сте во оваа положба, ставете го показалецот врз брадата и навалете ја главата наназад за додека притискате да ви се рашири вилицата.
Повторувајте ја оваа вежба секој ден по 7 пати.
Лифтинг на долниот дел од лицето со помош на лажица
Со помош на лажица можете да направите лифтинг и на долниот дел на лицето.
Навалете ја главата наназад и отворете ја устата.
Врз долната усна ставете ја лажицата, затворете ја устата и потоа обидете се да ги кренете усните нагоре додека ја држите лажицата.
Во оваа положба останете неколку секунди. Повторете ја вежбата 5 пати.
А. Ј. | Црнобело