Тротинети на аеродром, посебни панталони за хигиенски навики кај деца – Работи што ги има во светот, а ги збунуваат туристите
Дали знаете дека во Холандија можете да си купите домашно млеко од „млекомат“? А, дека во одредени тоалети во САД има и апарати со течност за плакнење уста? Кои се некои од најинтересните работи што туристите ги забележале на патувањата?
Колкупати ви се случило да отпатувате некаде и да останете збунети од некои навики што на локалците таму им се вообичаени, а за вас се нешто сосема необично?
Корисниците на Редит споделуваат фотки од своите патувања и од она што имале можност да го видат таму.
Некои се изненадени од интересните решенија што постојат за различни проблеми во светот, но и од тоа како начинот на живот на локалното население условил истите да бидат воведени.
Во продолжение да погледнеме некои од најинтересните фотки што се објавени:
Тоалет во Сеул има повеќе држачи за тоалетна хартија
Во Норвешка имаат мали покриви за да го заштитат седиштето на велосипедот
На аеродром во Минхен имаат кабини што може да ги изнајмите за да спиете, да работите, или кога ви треба приватност
Седишта за бремени жени во Сеул
Во Јапонија имаат посебни соби наменети за телефонски разговори во јавност
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





