Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран е над 40 години

По овој инцидент, Роберт бил преместен во затвор со максимално обезбедување во Јоркшир, но само една година подоцна извршил уште едно убиство.

ВО 1978-ма, со нож убил друг затвореник и го скрил телото под неговиот кревет. Овој пат жртвата била маж кој си ја убил сопругата.

Набрзо потоа, почнал да бара уште една жртва, па убил затвореник осуден за сексуален напад на мало девојче.

mornichavata-prikazna-za-vistinskiot-hanibal-lektor-zatvoren-e-vo-podzemna-staklena-kjelija-izoliran-e-nad-40-godini-02.jpg

По двете убиства, Роберт самиот му пришол на еден од чуварите во затворот и му рекол дека за вечера ќе има двајца луѓе помалку.

Во британските медиуми се појавиле и гласини дека Роберт јадел од мозокот од една од неговите жртви, но подоцна се покажало дека ова е всушност лага.

По последното убиство, се утврдило дека Роберт е премногу опасен за да биде во близина на други затвореници, по што бил ставен во самица.

За него била направена специјална стаклена ќелија – исто како во филмот Silence of the Lambs.

Тој бил префрлен во стаклената ќелија во 1983-та и ќе остане таму до крајот на животот.

mornichavata-prikazna-za-vistinskiot-hanibal-lektor-zatvoren-e-vo-podzemna-staklena-kjelija-izoliran-e-nad-40-godini-06.jpg

На почетокот, Роберт им пишувал на медиумите и преку нив барал подобар третман, а престојот во ќелијата го опишал како да е „закопан жив во ковчег“.

Во 2000 година побарал и „дозвола да умре“, но бил одбиен.

И покрај свирепите убиства, многумина сметаат дека Роберт е третиран пресурово и дека е погрешно да биде држен во изолација, во подземна стаклена ќелија, повеќе од 40 години.

mornichavata-prikazna-za-vistinskiot-hanibal-lektor-zatvoren-e-vo-podzemna-staklena-kjelija-izoliran-e-nad-40-godini-08.jpg

За британската емисија Evil Behind Bars, се огласил и затвореник кој делел ќелија со Роберт:

„Третманот што го добива Роберт е дехуманизирачки. Да држете некој во подземна ќелија со години… Она што го направи Роберт – убивањето сексуални престапници – очигледно е погрешно.

Но, она што системот му го прави на Роберт е еднакво на психолошка тортура. Има други начини за справување со затвореници како Роберт“.

mornichavata-prikazna-za-vistinskiot-hanibal-lektor-zatvoren-e-vo-podzemna-staklena-kjelija-izoliran-e-nad-40-godini-04.jpg

За истата емисија се огласил и внук на Роберт кој вели дека тој се помирил со својата судбина.

„Сега сака да е сам бидејќи знае што ќе се случи. Ставете го во затвор опкружен со силувачи и педофили – сигурно ќе убие што е можно повеќе педофили.

Не го оправдувам она што го направи. Направил навистина лоши работи. Но, тој не убил дете или жена. Луѓето што ги убил биле навистина лоши луѓе“.

Моментално, Роберт Модсли е затвореник од Британија кој најдолго бил во самица.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg