8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција
Лесно работите во тим
За да можете да работите во тим, треба да имате емпатија и разбирање за другите.
А, ова се одлики што ги имаат сите луѓе со изразена емоционална интелигенција.
Го користите критицизмот за да созреете
Ретко кој сака да слушне критика за себе, но луѓето со висока емоционална интелигенција наместо да се лутат, го користат критицизмот за да се подобрат.
Тие знаат дека не можат да бидат свесни за буквално секој нивен недостаток, па кога некој ќе им укаже на нешто, го даваат најдоброто од себе за да го поправат тоа.
Покажувате дека сте автентични
Автентичноста значи да бидете искрени и да се однесувате според своите принципи.
Луѓето со висока интелигенција цврсто стојат на своите ставови и секогаш го покажуваат нивното вистинско лице.
Лесно препознавате емоционална манипулација
Бидејќи добро ги разбираат своите, но и туѓите емоции, луѓето со висока емоционална интелигенција лесно ги препознаваат манипулаторите.
Ако на другите им е тешко да си играат со вашите чувства и емоции, дефинитвно спаѓате во оваа група.
Спирова С. | Црнобело