8 знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција
Лесно работите во тим и генерално сте мотивирана личност – Помалку очигледни знаци дека сте личност со висока емоционална интелигенција.
Обично ѝ се дава значење на интелигенцијата, но исто важна е и емоционалната интелигенција
Овој вид интелигенција е она што ни помага да се снајдеме во секојдневието и односот со другите луѓе.
Кои се знаците дека вие сте личност со изразена емоционална интелигенција?
Се справувате со емоциите без да ги потиснувате
Една од главните одлики на луѓето со висока емоционална интелигенција е нивната способност да се справат со емоциите.
Тие ги разбираат своите емоции, не ги потиснуваат и се справуваат со нив на здрав начин.
Не делуваат импулсивно и не дозволуваат емоциите да им го контролираат животот.
Се ставате во „туѓа кожа“
Уште една важна одлика е емпатијата што е многу изразена кај луѓето со висока емоционална интелигенција.
И, оваа одлика е многу повеќе од само тоа да ислушаат некого.
Тие навистина ги разбираат другите и можат да сочувствуваат со нив и секоја туѓа емоција.
Генерално сте мотивирана личност
Сите имаме лоши денови кога не ни се станува од кревет.
Но, ако поголемиот дел од времето сте мотивирани и работите на вашите цели, тогаш сте личност со висока емоционална интелигенција.
Бидејќи, свесни сте дека за да бидете среќни, треба да работите на себе.
Ги препознавате и признавате вашите грешки
Препознавањето и, уште поважно, признавањето на сопствените грешки е одлика што ја имаат само луѓето со висока емоционална интелигенција.