12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации

Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците сами да одгледуваат деца. Воопшто не е срамота да седнете сами во ресторан или да не сакате да комуницирате со токсичните членови на семејството...

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-01.jpg

Најчесто коментарите и забелешките од семејството и од најблиските треба да ни помогнат да се чувствуваме подобро, но вистината е дека понекогаш зборовите може да болат. Може да се случи и нашите блиски да имаат погрешни сфаќања за некои работи.

Постојат некои сфаќања што се толку многу вкоренети и прифатени во општеството, иако нивното практикување нема некоја особена цел и смисла.

Во продолжение да погледнеме кои ситуации често се стигматизираат во општеството, иако нема потреба за тоа:

Одвојување време за себе

Сосема е убаво и здраво понекогаш да успеете да најдете слободно време и да се посветите на себе.

Во тоа време го негувате и својот дух и тело, и успевате да расчистите со себе, што треба да направите за да се промените и да се чувствувате подобро.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-02.jpg

Да сакате да направите нешто сами, што вообичаено се прави со други луѓе

Убаво е да излезете на кафе со пријателите или со блиските, но за на кино, за во ресторан или во музеј не мора да имате друштво.

Убаво е да можете да уживате во сопствената независност и да бидете сконцентрирани само на оние работи што ве измачуваат без да водите сметка за мислењето на другите.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-03.jpg

Да зборувате сами со себе

Тоа што некој размислува гласно не значи дека има проблем. На некои луѓе им е тешко гласно да го кажат проблемот за подобро да си ги средат мислите.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-05.jpg

Да размислите пред да одговорите

Со оглед на тоа што живееме во динамично време каде комуникацијата се одвива екстремно брзо, понекогаш луѓето не можат да сфатат кога некому му треба време добро да размисли пред да одговори на некое прашање.

Некогаш е подобро да си дадете време и да размислите, пред да дадете избрзан и непромислен одговор.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-04.jpg

Да си легнете рано или да се разбудите доцна

Сите сме ги слушнале изразите: „Што, сега ќе си легнеш? Со кокошките?“ или „Како не ти е срам да спиеш до пладне! Ти си мрза!“.

Но, вистината е дека сите ние сме различни и имаме различни потреби. Секој си има свои проблеми заради кои не може да спие или, пак, му треба да спие подолго и за тоа воопшто не треба да се разговара.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-06.jpg

Да им кажете „не“ на луѓето

Нема потреба да чувствувате грижа на совест ако не прифатите некој предлог или ако одговорите со „не“.

Впрочем, ова ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата и да се чувствувате послободни. Исто така, луѓето треба да го почитуваат вашето мислење и одговор, а не да ве критикуваат.

12-raboti-shto-opshtestvoto-ne-gi-prifakja-iako-se-zdravi-i-normalni-niz-ilustracii-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg