Скокотлив розов коктел

skokotliv-rozov-koktel-povekjeОвој вкусен коктел е супер избор за празнични собиранки, и е особено погоден за ноќите резервирани за женско друштво. Приредете им пријатно...


...изненадување на вашите пријателки заменувајќи го познатото мартини со нов коктел.

Сервирајте розово коктелче за кое никогаш нема ни да претпостават колку било лесно да се направи. Постојат повеќе верзии на Tickled pink и сите се погодни за празничниот период. Ние ви нудиме две варијанти, а на вас останува да ја направите онаа што повеќе ви се допаѓа.

skokotliv-rozov-koktel-1

1. На дното на секоја чашка ставете по околу 15 грама (1 голема лажица) пире од малини, капини, цреши, боровинки или калинки и полека додавајте по околу 150 милилитри ладно пенливо вино. Пирето може да се направи со миксер или во блендер, од свежо или замрзнато овошје со малку шеќер (1 до 2 лажици се доволни за 300 до 500 грама малини, но сè зависи од вашата желба за слатко), а потоа се процедува за да се избегнат грутки и семчиња.

skokotliv-rozov-koktel-2
2. За 6 чаши помешајте 100 мл ликер од портокал, 100 мл сок од ананас, 100 мл рум, 1 голема лажица гренадин и поделете ги на 6 места (по околу 50 мл за човек), а потоа во секоја чашка додавајте еднаква количина ладно пенливо вино (за оваа количина потребно ви е само едно шише од 750ml).

Послужете во чаши за шампањ, бело вино или мартини.

skokotliv-rozov-koktel-3
Скокотливиот коктел е многу поинтересен од обичното пенливо вино (шампањ), а чашките може да ги украсите со лимон или ситно црвено овошје.

Tickled pink e одличен коктел за романтични средби во двојка, но и еднакво прикладен за весели женски собиранки.

Кому ќе му го подготвите?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за преживување во кои веруваме заради филмовите, а не треба Зошто не треба да верувате во советите за преживување што ги гледате на телевизи...
Кои бои ќе ви донесат среќа и пари во 2024-та година, според Фенг шуи? Која боја треба да доминира во вашата облека и во уредувањето на домот за 2024-т...
Елитата во Холивуд пие крв, Џастин Бибер е рептил – Најлудите теории на заговор за славните Некои луѓе веруваат дека повеќето светски ѕвезди се клонови направени во лаборат...
6 совети за совршени Инстаграм фотки на плажа Кога е многу сончево, поради силната светлина не можете да ја добиете совршената...
Улични продавачи, џиновски стаорци – Сликите од Њујорк што ретко се објавуваат во јавност Улични продавачи, џиновски стаорци, вреќи со ѓубре на тротоарите... Фотки што по...
Работи што ги прават луѓето кои ја проектираат својата несигурност на другите Ги исмејуваат другите, но и постојано се критикуваат себеси. Ги исмејуваат др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg