Џон Ленон фотографиран со неговиот убиец и уште 14 фотографии од кои ќе ве полазат морници
Војник со посттрауматски стрес на бојно поле, алатите што ги користел озлогласениот сериски убиец Тед Банди – некои фотографии сами по себе можеби не изгледаат страшно, но штом ќе ја дознаете приказната зад нив, сигурно ќе ве полазат морници.
Првиот фотоапарат е измислен некаде во 1800-тите и оттогаш до денес се претвори во алатка што ја имаме сите.
Денес секојдневно се прават милиони, ако не и милијарди фотографии, но низ историјата, некои дефинитивно се истакнуваат над сите.
А, приказните што се кријат зад нив се ништо помалку од застрашувачки
Дел од најморничавите фотографии на сите времиња (ве предупредуваме дека некои од нив можат да бидат вознемирувачки):
Родители позираат со нивната почината ќерка
Денес позирањето со саканите откако ќе починат е нешто на кое сигурно не би ни помислиле, но ова било норма во Англија во викторијанската ера. Ова било период кога смртта, дури и кај млади лица, била мошне честа појава, па блиските само сакале да имаат повеќе спомени со изгубената личност.